ХРИСТОС ВОСКРЕСНА

Воскресение Твое Христе Спасителу наш,ангелите на небесета го воспеваат,а нас на земјата удостојно со чисто срце,Тебе те Славиме.

ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ

Овој празник Воскресение Христово е вистинска можност сите заеднички да ја изразиме радосната вест дека Синот Божји вискресна од мртвите.
Во овие Велигденски празнични денови повторно да му благодариме на Бога за добрините сто ни ги направил,да го благословиме неговото име,за него даги отвориме нашите срца,да се споиме со неговиот живот, и во Неговата личност, и да речеме со сето наше битие:

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА



























Светата Македонска Православна Црква на 1-ви Октомври,со голема слава и чест,го празнува споменот на сите Македонски Светители,кои со своите дела имаат големо значење,не само за Македонски народ,туку и за целиот Христијански свет.Извршувајќи дела достојни за светителите,тие се издигнаа кон Божествениот Бог кој ги овековечи со вечни венци на славата.Ако погледнеме назад во далечното минато,ќе видиме дека во текот на вековите,во Македонија се раѓале голем број Христови војници,кои умирале бранејќи ја Евангелиската вистина,и многу вистински синови на татковината,кои пострадале за нејзината слобода,и сите тие пронашле начин на кој човечката личност ја победува смртта.Ќе ги споменаме имињата на Македонските Светители (според најновите информации на МПЦ од 25-тиот Црковно-Народен собир 1999 год.САД (Американско-Канадска Епархија) кои се родиле,живееле и ја ширеле Христовата наука во Македонија.

Светите браќа Кирил и Методиј-богомудри и еднакви со апостолите, Св.Климент Охридски, Св.Наум Охридски,Св.Гаврил Лесновски, Св.Григориј еп.Охридски, Св.Прохор Пчински, Св.Јоаким Осоговски, Св.Јосиф арх.Солунски, Св.Агатангел Битолски, Св.Ѓорѓи Кратовски,Св.Спасо Радовишки, Св.Васа Солунски, Св.Злата Мегленска, Св.Ефтиниј Солунски, Св.15 Тиверополски (Струмички) маченици, Св.Роман еп.Македонски, Св.Николај арх.Солунски, Св.Зиновиј и Зиновија Егејски, Св.Тесалоникија, Св.Ангел Лерински, Св.Христо, Св.Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преп.Иларион Мегленски, преп.Ѓакон Јаков Костурски, преп.Акакиј Серски, преп.Јаков Костурски, преп.Дионисиј Костурски, преп.Јаков Костурски, преп.Атанасиј Атонски.

ИКОНИ

MAKCHURCH.ORG.NZ 2010-2011 ALL RIGTHS RESERVED
WEB DESIGN DOBROMIR GINOVSKI